|
|
|
Библиотека Гоце Делчев
|
Почетоците на библиотечната дејност во Гевгелија датираат од 1910 година кога во градот е формирано првото читалиште што го носи името “Просвета’’. Читалиштето било формирано за потребите на драмската секција и располагало со симболичен книжен фонд донесен од приватните библиотеки.
Во периодот меѓу двете светски војни читалиштето не работело редовно. Имено, имало години, посебно кога неговите управи биле во рацете на симпатизерите на работничкото движење или во рацете на самите партиски организации кога читалиштето било затворано. Таков бил случајот во 1924, 1928 и 1938 година.
Во периодот на фашистичката окупација, читалиштето работи повремено и претставувало значајно место за ширење на напредните идеи.
До 1945 година читалиштето работи со прекини условено од тогашните општествено-политички прилики. По ослободувањето на Гевгелија (7-ми ноември 1944 година), Народно-ослободителниот одбор на Гевгелија донесува одлука за формирање на градско читалиште и ги поканува граѓаните да помогнат во собирањето книги за таа цел.
(Соопштение на Народноослободителниот одбор од Гевгелија од 16.11.1944 год)
„Се покануваат сите граѓани на Гевгелија да ги донесат доброволно сите научни или просветни книги и други во културниот дом. Ќе се образува една општонародна градска библиотека од која ќе може да се служат сите кои сакаат. Градската библиотека треба да стане вистински извор на секакво знаење и општонародна просвета.“
Со оваа акција биле собрани околу 3000 книги, по што е направена селекција и во 1945 година во почетокот на февруари градската библиотека ја започнува својата работа.
На почетокот библиотеката била сместена во просториите на Мицо Чугунцалиев, на шеталиштето, во централното градско подрачје, а од 1950 година работи во сегашната зграда.
Зградата во која е сместена библиотеката е прогласена за споменик на културата.
Превземено од www.biblioteka.edu.mk
|
|
| Rate this file (current rating : 2.3 / 5 with 3 votes) |
RUBBISH
|
POOR
|
FAIR
|
GOOD
|
EXCELLENT
|
GREAT
|