Клабинг
| Постанокот на градот Гевгелија до Балканските војни |
|
1850 година - Непосредно пред и по оваа година во Гевгелија постојат 9 филанди, преоден тип кон мануфактурни работилници.1860 година - Гевгелија има околу 800 житела. 1870 година - Гевгелија има повеке од 1600 житела. 1850 - 1870 - Гевгелија постанува важно пазарно средиште на селата од Гевгелијското поле и Мајадачката висоравнина. - Подигнати се првите зана етчиски и трговски дуќани. 1871-1886. - Во 1872-1873 се гради железничката пруга Солун - Гевгелија. - Во 1873 година е поставена главната улица и е изградена црквата "Света Тројца". Во 1876 година е калдрмирана главната улица и започна изградбата на жечезничката станица. - Во 1877 година Гевгелија има над 2000 жители. - Во 1886 година Гевгелија е и формално прогласена за градска населба, која постанува и административно-управен центар на Гевгелијската околија со вкупно 68 населби. Во оваа година Гевгелија има преку 3000 жители. 1886 -1912 година - Се изградени специјални зданија за околиската и општинската управа, касарната и повеке двоспратни куќи, главно на левата и десната страна на главната улица. Тогаш главната улица е осветлена си фенери и на секој 4-5 метри се поставени багреми. - Во 1890 година Гевгелија има 4 000. - Во 1903 година, за време на Илинденското востание здружените гевгелиски чети, на чело со војводата Сава Михајлов извршуваат повеќе акции во Гевгелијско. - На 1 март 1905 година е убиен гевгелискиот околиски војвода Сава Михајлов. - Во 1909 година е довршена изградбата на првата шестокатна зграда во Гевгелија со два магацина (склада) за обработка на тутун. |



