Клабинг
| Гевгелија за време на Балканските и Првата светска војна |
|
6.XI.1992 - Четата на војводата Коста Попетo влезе во Гевгелија и беше топло пречекана од граѓаните. Истиот ден вечерта пристигна и српската единица. 1913 година. 30.VI. - На гевгелиската територија започнаа борбите меѓу бугарските и српските воени единици во рамките на Втората балканска војна. 1.VII. - Грчките воени единици се судрија со бугарските. 15.VIII. - Во Гевгелија се состана грчко-српска комисија за разгриничување меѓу Кралствата Србија и Грција. 30.XII. - Кралската Грција и Србија се спогодуваат за граничната линија во реонот Гевгелиско-Дојранскиот крај. 9.XI.1915 година - Бугарската војска потпомогната од австроунгарските и германските војски ги започна воените акции против српските и англо-француските војски во реонот на Гевгелија, Богданци, Стојаково, Ѓавото и Кованец. 12.XI.- Гевгелија е заземена од бугарската војска. 1916 година Април - мај - Населението на Гевгелија, Богородица, Стојаково, Богданци, Мрзенци, Моин и Негорци беше евакуирано од бугарската власт. 22.IX.1918 година - Гевгелија и Гевгелискиот крај се заземени од војските на Антантата во чиј состав беше и српската. |



