Новости
Галерија со над 200 фотографии од Гевгелија... Сите фотографии од градот пратени на galerija@gevgelija.biz ке се најдат на оваа галерија.
|
| Гевгелија меѓу двете светски војни |
|
1919 година Октомври - Формирана е организација на КПЈ во Гевгелија. 1936 година Февруари - Ристо Бајалски е примен за член на КПЈ. Март - Април - Фирмирана односно обновена е организацијата на КПЈ за Гевгелија од 6 члена: Ристо Бајалски, Ристо Трајков, Ристо Бутров, Димитар Дерменџиев,Петар Панов, Илија Карајанов и Глигор Глигориев. Првите тројца беа избрани во раководството, т.е. го сочинуваа активот за раководење на органицацијата, кој е во јуни прерасна во Местен комитет на КПХ за Гевгелија. 1939 година Февруари - Формирана е организација на здружената младина на Гевгелија (ЗОЈ). 1940 година февруари - Март - Формирана е организација на СКОЈ во Гевгелија, во која поактивно учество зедоа лицата: Васко Карајанов, Митко Брзилов,Алеко Каев, Јанко Урдинов и Лазар Тошев. |



