Новости
Галерија со над 200 фотографии од Гевгелија... Сите фотографии од градот пратени на galerija@gevgelija.biz ке се најдат на оваа галерија.
|
| КДС СПАЈДЕР-НЕТ |
|
Кабелскиот Дистрибутивен Систем СПАЈДЕР-НЕТ започна со работа на 1 септември 2002 година, компанија која дистрибуира ТВ програми, кабелски интернет и VoIP Телефонија. Со нашето залагање и вложување станавме најбарана кабелска телевизија на подрачјето на град Гевгелија.
Благодарение на шестгодишното искуство и високостручниот тим вработени во компанијата, СПАЈДЕР-НЕТ има покриено 99% од територијата на Гевгелија. Нашата цел е изградба на квалитетен кабелски систем кој што на нашите претплатници ќе им нуди квалитетни професионални услуги од областа на кабелските телекомуникациите.
Во овој момент на нашиот кабелски дистрибутивен систем имплементирана е дистрибуција на 52 аналогни телевизиски програми, и е прва кабелска телевизија која што во април 2006 година го имплементира кабелскиот интернет во својата мрежа како сервис за нашите претплатници, а во септември 2008 започна и со комерцијална употреба на фиксна телефонија. Следејќи ги најновите трендови СПАЈДЕР-НЕТ е спремен кон воведување на нови сервиси за своите претплатници, со цел да овозможи поголем број на услуги со кој ке ги задоволи потребите на сите претплатници.
Контакт: ул. Маршал Тито 126 2/6 Гевгелија тел. 034 217 900, 034 550 100 моб. 071 239 887 email: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите Веб: www.spider.net.mk |


