fbpx

Дентал Туризам Γевгелија

Гевгелија е град во југоисточниот дел на Македонија , кој во последните две децении прерасна во атрактивна дестинација за патување и здраствен туризам.

Со високиот квалитет на стоматолошките услуги и поволните цени, Гевгелија стана препознатлив стоматолошки центар во околината и пошироко.

Денес градот брои најмноу стоматолошки ординации по жител на Балканот. Овде насекаде можете да забележите од убаво средени мали приватни ординации до големи стоматолошки поликлиники.

Сите беспрекорно организирани, неизмерно љубезни,едуцирани и стручни, најмодрено опремени користејќи ги најсовремените и најдобрите матријали ги реализираат сите интервенции во областа на општата и специјалистичката стоматологија и фацијалната естетика.

  Услуги:

  • Општа стоматологија,
  • Естетска стоматологија,
  • Детска и превентивна стоматологија,
  • Протетика,
  • Ортодонција,
  • Парадонтологија,
  • Орална,
  • Ласерска, 
  • парадонтална, Хирургија и имплантологија

Со една реченица од наједноставни зафати до вистински „уметнички“ дела.

Местоположбата, инфрастуктурите и медитеранската клима ви овозможуваат пристап до самиот град во секое време. Ова го потврдува и секојдневната посета и навраќање на голем број жители од соседните земји и пошироко. Гевгелија се наоѓа на само 100км од аеродромот Македониjа во Солун, и на 170km од аеродромот во Скопје,  што овозможува брз пристап на сите пациенти од целиот свет.

Освен стоматолошките, градот нуди различни видови на услуги од видот на рехабилицијата, негата и здравјето и многубројни рекреативни занимливости.

На само 3км од градот се наоѓа центар за рехабилитација и физикална терапија, насекаде прочуен со своите лековити, минерални и топли води.

Планината Кожуф со својот најсовремен скијачки центар е погодна за секаков вид на планинска рекреација во текот на целата година, но е отворена и за сите љубители на ловот. Долж нејзините падини се наоѓаат разни планинарски домови и излетнички локалитети, од кои најпознатиот, Смрдлива Вода го добива своето име по самиот извор на сулфурна вода.

Археолошкиот локалит Вардарски Рид сведочи за фактот дека уште од пред нашата ера, Гевгелија бил еден од главните центри на античка Македонија.

За оние пак, кои бараат нешто повеќе, неколкуте казина со сите светски стандарди, разновидните ресторанти, кафе и ноќни барови, дискотеките и другите угостителски објекти ви нудат возбудлив престој и забава. А одморот пак, од долгите ноќи може да го поминете на плажите на Дојранското Езеро, или пак на Егејското море.

Ви преостанува да не посетитe, a ние ќе се погрижиме насмевката да ви биде секојдневие.  


 

Gevgelija.biz

Спремајте се добро за гужва, испланирајте што сакате да купите, бидете трпеливи и упорни затоа што ПЕТОК(BLACK FRIDAY) е денот кога вашиот производ ќе можете да го имате со попуст и до 70%.

Она што е сигруно е дека не очекува попуст до 70% на најголемиот празник за Техника Black Friday.

Се продава викендичка на одлична локација, населба Смрдлива Вода, Гевгелија.

Mодерни комбинации за момчиња оваа сезона!

CELLULAR MATRIX PRP подмладување збогатено со хијалурон

Во организација на Дом на култура ,,Македонија" - Гевгелија денес 5ти ноември ќе се отвори самостојна изложба на м-р по уметности Мирјана Крстева Массетти насловена ,,Катарзична исповед" во уметничка галерија Амам - Гевгелија со почеток од 19:00 часот.


М-р Мирјана Крстева Массетти,

Е родена 1979 година во Скопје. Дипломирала на Академијата за ликовна уметност во Благоевград, Бугарија, во класата на проф. Борислав Стоев, 2001 година. Основач и член на Мултимедиа Центар од Гевгелија и член на Друштвото на ликовни уметници на Гевгелија. Член е на ДЛУБ од 2014 година и член е на ДЛУМ од 2010 година. Mагистерски студии на ФЛУ- сликарство, во класата на проф. Благоја Маневски, 2018 година.
Мирјана Крстева Массетти е автор на 27 самостојни изложби од кои ги издвојуваме претставувањата во Париз и Њујорк. Исто така забележани повеќе од 90 групни претставувања во земјата и странство.


Награди
Втора награда на конкурс ,,Бах и современоста,, циклус литографии, Благоевград, Бугарија

-Посебна награда, ОСТЕН, Светска галерија на цртеж, Биенале на наградени автори, 2013 Скопје
- Награда на КИЦ за ,,Мал формат, на изложбата на ДЛУМ, фондација Мазев
Остенов уметник на годината- 2015
Остенов уметник на годината- 2013

 

На патот кон катарзата... Визуелниот импакт, Немезис, безброј холограмски допири, ужасот, слобода, ти, Апсолутот, време, Бог, љубов, тихувања, неименливото... Копнеж.
Катарзична исповед преку форма и текстура, е моето патување низ необјатните станици на Универзумот. Истражување на толкувачки секвенци, не за објаснување на стварноста, туку обид да креирам една.
Трагајќи по вистината, барајќи одговори на сеуште непоставени прашања преку интуитивна експресивност создавам апартен свет, свет од другата страна на огледалото. Трансмутацијата на самосвеста ја доживувам како суптилна интерпретација на мојата реалност преку ликовното. Модусот на осуштествување на ова истражување е енигматична игра. Делата се отелотворени преку синхрон на повеќе ликовни елементи.
Тематски, персоналната пурификација, катарзата е третирана од религиски и од аспект на психоанализа.
Светата тајна исповед како чин на духовно спартанство кое води кон мистично растење е името на секое дело на дводимензионала површина застапено во овој циклус. Христијанските симболи евидентни во сликите наративно откриваат миг од размислите за сакралното. Тие немо сведочат за патот кон блаженото тихување, за оној пат кон хипнотизирачката светлина. Исповедта е крик, а не шепот, бег во минатото за да ја сфатам сегашноста и да ја живеам иднината. Сопствената драма полна со противречности претопена во форма, текстура и пигмент загатливо, но искрено рефлектира за битката сам со себе, кон катарзата.

М-р Мирјана Крстева Массетти

Во кои случаи може да ви помогне пилингот PRX-T33:

Голем избор на елегантни комбинации за момчиња во продавницата на Дон Андон.

Домаќинот сит, но гостите посити. Од гурман до гурмани.

Изминатава недела со почеток во 12 часот на патеката Орман, близу Скопје беше одржана првата трка од македонскиот шампионат во мотокрос, организирана од мото клубот „Вардар“ од Скопје.

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Facebook

Go to top