fbpx

Слободан Милошески со изложба на скулптури насловена „Рефлексија на диферентни модулации“- изложба на скулптури

Слободан Милошески  со изложба на скулптури насловена „Рефлексија на диферентни модулации“- изложба на скулптури

Скулпторот Слободан Милошески со изложба на скулптури насловена "Рефлексија на диферентни модулации“  вечерва во пионерскиот дом Гевгелија


Слободан Милошески користи геометриски цврсти материи во скулптурата, но крајниот импакт не е тврд или статичен. Всушност, кога ги гледате неговите скулптури од неколку агли тие не одаваат впечаток на совршена поставеност, туку се “потпираат“, “навалуваат“ и “искривуваат“ во неочекувани позиции. Ваквата “конструкција“ на овие скулптури има дава човечки аспект и духовна страна. Покрај нив се добива чувство на вибративно движење и тактилност која доаѓа од нагласените прави линии и мрежи во повеќето минималистички дела. Очигледано дека уметникот Милошески ја реализирал неговата основна замисла делото да биде “спроводник за духовни работи“ и како целта да му е „скулптурата да биде на работ од соништата“.


Од друга страна, Милошески ја брани идејата дека уметноста е чисто објективна и владеат закони кои ја третираат уметноста не како чин на имагинација, туку чин на набљудување, перцепција и манипулација со формата. Во контекст на оваа филозофија неговото разбирање на скулптурата е чисто субјективно, но управувано со закони кои владеат во релацијата маса-простор. Аксиомите кои се нагласени во неговата уметничка постава акцентираат идеја дека скулптурата е “покажување на точност“ и “игра на закони во простор“. Од овие премиси се развива неговата лична теорија за геометрија базирана на рационална естетика во рамките на “интуитивна уметност“ која побарува апсолутна математичка ригорозност каде што ништо не треба да се додава, ниту да се отстрани. Чувство на целосна точност.

 


Слободан Милошески работи методички низ концентрирана перцепција и манипулација со формата. Најпрво започнува со форми кои се произволни и низ процес на трансцендентална имагинација је дефинира формата како крајна дестинација. Бојата е секундарна, се користи за истакнување на интензитетот на формата. Завршниот впечаток се комплетира со диригиран веризам, необична текстура, профилиран материјал и неочекувана трансформација на идеалната форма.

Проф. Др Џемил Бектовиќ

Read 86 times

Last modified on Петок, 06/12/2019

Facebook

Go to top