• Насловна
  • Новости
  • Содржини
  • Контакт

Мени

  • Насловна
  • За Гевгелија
  • Историја
  • Галерија
  • Огласи
Zabki,Stegi za fasadno skele Trkala,Kolicki
Zabki,Stegi za fasadno skele Trkala,Kolicki
( / Градежни материјали)

ТУРИЗАМ

  • Ски Кожуф
  • Негорски Бањи
  • Казина & Хотели
  • Ресторани

УСЛУГИ

  • Транспорт и шпедиција
  • Осигурување
  • Трговија
  • КДС Спајдер Нет

ПРОИЗВОДСТВО

  • Храна и пијалоци
  • Пластика и хигиена
  • Апарати и материјали
  • Градежништво и ентериери
  • Текстил

Клабинг

Welcome to ClubbersGuide:
  • Gramophonedzie, Pookie & Manjane @ Summer Club Colosseum
  • Connect & DNK @ Summer Club Colosseum
  • Tryambaka Live @ Kapan An
  • Talamasca Live + DJ Set @ Skopje Fair

Новости

Галерија со над 200 фотографии од Гевгелија...

Сите фотографии од градот пратени на galerija@gevgelija.biz ке се најдат на оваа галерија.

 

Гевгелија PDF Печати Е-пошта

Гевгелиската котлина го зафаќа најјужниот дел од Р.Македонија, односно е составен дел од пределот Горна Бојмија, и во етнографска смисла припаѓа на Јужномакедонската етнографска целина. Според Т.Томоски пределот Бојмија името го добило поради постоењето на престојувалиштето на влашките групи “Бои” и “Качауни” од групата Фаршериоти.

За името (топонимот) Гевгелија најверојатно е дека потекнува од турскиот збор “ѓолгели”, што значи место во кое има многу сенки,(сенчесто место), т.е. место во кое има дебели сенки. Во прилог на ова говори и фактот што во Гевгелија имало и има многу стари, високи и разгранети дрвја а особено црница.

Непосредно поврзана со ова е и легендата исплетена во врска со постојаното преместување на населбата се додека населението не нашло ново земјиште за постојано населување, поради што се прикажува дека населбата го добила своето денешно име од зборовите “гев-гел”, што значи “оди-дојди”.

Помалку распространета е легендата во врска со истурањето на нишесте на една баба, која збунета од тоа извикала на внучињата кои биле оддалечени од неа “гел-гери” (елате ваму).

Најраспространетата легенда за потеклото на името на градот Гевгелија е поврзана со турскиот дервиш кој не сакал да си отиде, бидејќи многу му се бендисало селото и земјиштето, а пак малубројните селани не сакале да го примат и решиле насила да го прогонат. Разлутен од тоа дервишот почнал да ги проколнува и заплашува жителите,кои се исплашиле и го повикале со зборовите”гел-гери” што значи “ела назад”.

Градот Гевгелија се наоѓа во најјужниот дел од Гевгелиско-валандовската котлина, која се протега по долината на реката Вардар и го зафаќа просторот помеѓу Тиквешката област на север, ограноците на планините Кожуф и Пајак на запад, Солунско Поле на Југ и невисоките ридести предели на исток. Населбата е оддалечена околу 80 км од Солун, во аголот што го прави реката Вардар пред грчката граница, со малата река Коњска. Градот Гевгелија е распослан по средината на не многу пространо, но мошне плодно Гевгелиско поле на надморска височина од 64 метри.

На север Гевгелиската котлина која се протега на источно и западно по долината на Вардар во нејзиниот јужен дел, се простира тиквешката област од која ја дели планинскиот теснец формиран од краиштата на Кожуф Планина, од една страна и огранките на планинските масиви од Средна Македонија.

Гевгелиската котлина и градот Гевгелија изобилува со богата и плодна почва која е испресечена со четирите мали реки: Коњска река, Мрзенска река, Прдејска река и Зуица. На југ од Гевгелија, Гевгелиската котлина се стеснува и постепено ја формира постојната теснина на реката Вардар, т.н. Циганска клисура или Чингани Дервент. Од десната страна на реката Вардар се издигаат Мајадачките ридчиња, а на левата страна се наоѓа еден ред средно високи и голи ридови. Од обете страни клисурата е лесно проодна.

На источната страна Гевгелиската котлина ја заградуваат огранките на планината Беласица, што се простираат на север се до планината Плауш и заедно со неа ја одделуваат од Струмичката котлина.

На западната страна на далечина од околу 4-5 километри од градот Гевгелија,се наоѓаат селата Моин и Горничет. Западно од овие села и градот Гевгелија почнуваат планинските венци на Пајак Планина, кои се протегаат во правец југ-запад, и на Кожуф Планина со павец на протегање север-исток,чии височини донекаде го запираат влијанието на средоземната клима во ова подрачје.

Во близина на градот Гевгелија, по долината на Вардар минува автопатот Е-75, а непосредно покрај самиот град, минува железничката линија што ги поврзува Скопје и Солун со Европа. Денес градот se повеќе се шири и зазема пространство од околу 5-6 километри квадратни, а има тенденција на рапиден развој и напредување најмногу поради близината со Грција која е членка на Европската Унија, но и поради развиените комуникациски врски кои придонесуваат за брз развој на градот и околината.

 
Банер

Преведи

Видео

Гевгелија
Gevgelija.biz © 2010. Сите права се задржани.