Gevgelija.biz
Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот,
На 20 јули 2024 во просториите на Друштвото на ликовни уметници од Битола беше отворена ликовната изложба „За Послушноста“ на авторот Перо Кованцалиев. Изложбата ја составуваат дваесетина минијатурни акумулации од ушни школки со асоцијативни форми изведени во бронза, алуминиум и полиестер.
Изложбата ја отвори претседателот на ДЛУБ, Васко Ѓоргиев кој меѓу другото рече дека авторот за своите дела симболично го зема увото како основен елемент. Послушноста е врската која балансира помеѓу редот и хаосот, помеѓу страстите и рационалноста. Со оваа изложба авторот го разгледува она човеково однесување на кое се должи формирањето на секое негово групирање без кое не би преживеела ниедна социјална структура.
Исто така на отворањето присуствуваше и се обрати проф. д-р Васко Шутаров познат колумнист, дипломат и универзитетски професор. Современиот македонски скулптор м-р Перо Кованцалиев, преку композициите од акумулирани ушни школки, поставени во различни формации од концептот „За Послушноста“, е во потрага по изгубениот јавен наратив за рамнотежата помеѓу послушноста и непослушноста, во потрага по тој толку потребен баланс и премин низ кој послушноста се облагородува во творечка самодисциплина, а непослушноста во слобода на мислата и креативниот чин.
Перо Кованцалиев е мултидисциплинарен уметник чие творештво е насочено да потикнува промени за одржлив развој. Работи низ скулптура, ликовната инсталација, кинетика, видео и фотографија, сликарство и експерименталниот цртеж.
Има реализирано над десетина самостојни изложби и учествувано на многубројни групни изложби. Дипломирал и магистрирал на факултет за ликовни уметности во Скопје. Работи како самостоен ликовен исто така работи и во областа на маркетингот и заштита на културното наследство.
Изложбата ќе биде отворена до 4 август.
ГАЛЕРИЈА
https://www.gevgelija.biz/mk/author/213-gevgelija-biz?jsn_mobilize_preview=1#sigProIdbb13307f61
Весна Илова Ташева неурофидбек терапевт по методата на Отмер единствена во југоисточен регион!
Што е неурофидбек и како изгледа терапијата ?
Што е неурофидбек и како изгледа терапијата?
Неурофидбекот е безболен терапевтски метод за следење на електричната активност на мозокот (ЕЕГ) и давање повратна информација за тоа.
Користи електроенцефалограм (ЕЕГ) за да ја снима електричната активност на мозокот. Оваа активност е опишана со помош на брановите од мозокот и секој мозочен бран е поврзан со одредена ментална состојба. Третманот за неурофидбек трае 30 минути. Електродите на уредот за неурофидбек откриваат бранови од мозокот што се читаат и обработуваат во реално време на компјутер. Електродите се користат исклучиво за откривање на брановите од мозокот и не можат да предизвикаат повреда или да го снабдуваат мозокот со електрична енергија.
За време на третманот за неурофидбек, компјутерот ги обработува брановите и други информации што се дел од овој процес за да му дадат на лицето повратни информации за функцијата на неговиот сопствен мозок. Повратните информации се презентираат на неколку начини, најчесто преку промена на звукот и сликата во видеото или симулација што личи на игра.
Со континуиран третман, посакуваните мозочни бранови почнуваат да се произведуваат, а несаканите се потиснуваат. Со неурофидбек, клиентот учи да ја зајакнува мозочната активност на ист начин како да научи која било друга вештина - преку повратни информации и повторувања. Постапката е всушност многу едноставна, клиентот ја следи содржината на мониторот, а мозокот се обучува за тоа време!
Контакт:
Телефон: (+389) 077-704-440
Е-пошта:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Локација: ул. Првомајска бр. 34, Валандово
ул. Борко Талев бр. 58, Штип
Facebook: @neurofeedback.vesna.itasheva
Веб страна: neurofeedback.netlify.app
Размислувате да бидете физички поактивни? Сакате да ги промените вашите навики во исхраната на подобро? Можеби започнавте со сето ова, но ви е тешко да продолжите? Не се загрижувајте и не се откажувајте.
Повеќе од 50 музички артисти од домашната и светската сцена настапија на шест фестивалски бини во рамките на 14. издание на „Д Фестивал“, што се одржа од 28 јуни до 30 јуни во Дојран.
Новата генерација IQOS ILUMA уреди со револуционерната технологија на индукциско загревање, без сечило и без потреба од чистење може да се набават на новата локација на IQOS караванот, кој до недела (30 јуни) е лоциран во Дојран.