Дентал Туризам Γевгелија

Гевгелија е град во југоисточниот дел на Македонија , кој во последните две децении прерасна во атрактивна дестинација за патување и здраствен туризам.

Со високиот квалитет на стоматолошките услуги и поволните цени, Гевгелија стана препознатлив стоматолошки центар во околината и пошироко.

Денес градот брои најмноу стоматолошки ординации по жител на Балканот. Овде насекаде можете да забележите од убаво средени мали приватни ординации до големи стоматолошки поликлиники.

Сите беспрекорно организирани, неизмерно љубезни,едуцирани и стручни, најмодрено опремени користејќи ги најсовремените и најдобрите матријали ги реализираат сите интервенции во областа на општата и специјалистичката стоматологија и фацијалната естетика.

  Услуги:

  • Општа стоматологија,
  • Естетска стоматологија,
  • Детска и превентивна стоматологија,
  • Протетика,
  • Ортодонција,
  • Парадонтологија,
  • Орална,
  • Ласерска, 
  • парадонтална, Хирургија и имплантологија

Со една реченица од наједноставни зафати до вистински „уметнички“ дела.

Местоположбата, инфрастуктурите и медитеранската клима ви овозможуваат пристап до самиот град во секое време. Ова го потврдува и секојдневната посета и навраќање на голем број жители од соседните земји и пошироко. Гевгелија се наоѓа на само 100км од аеродромот Македониjа во Солун, и на 170km од аеродромот во Скопје,  што овозможува брз пристап на сите пациенти од целиот свет.

Освен стоматолошките, градот нуди различни видови на услуги од видот на рехабилицијата, негата и здравјето и многубројни рекреативни занимливости.

На само 3км од градот се наоѓа центар за рехабилитација и физикална терапија, насекаде прочуен со своите лековити, минерални и топли води.

Планината Кожуф со својот најсовремен скијачки центар е погодна за секаков вид на планинска рекреација во текот на целата година, но е отворена и за сите љубители на ловот. Долж нејзините падини се наоѓаат разни планинарски домови и излетнички локалитети, од кои најпознатиот, Смрдлива Вода го добива своето име по самиот извор на сулфурна вода.

Археолошкиот локалит Вардарски Рид сведочи за фактот дека уште од пред нашата ера, Гевгелија бил еден од главните центри на античка Македонија.

За оние пак, кои бараат нешто повеќе, неколкуте казина со сите светски стандарди, разновидните ресторанти, кафе и ноќни барови, дискотеките и другите угостителски објекти ви нудат возбудлив престој и забава. А одморот пак, од долгите ноќи може да го поминете на плажите на Дојранското Езеро, или пак на Егејското море.

Ви преостанува да не посетитe, a ние ќе се погрижиме насмевката да ви биде секојдневие.  


 

ДО ЦЕЛТА И НАЗАД

ДО ЦЕЛТА И НАЗАД

Освојувањето на Кинескиот Ѕид од страна на Шуклев и Николов ни докажува дека реализацијата на големи подвизи секогаш претставува еден склоп на заедничко работење.

Кога една цел е благородна тогаш се надминуваат и природните и човечките препреки, а видовме дека и со радост учествуваат и помагаат и другите народи. Чудна историја оваа на Кинескиот Ѕид, граден низ вековите од повеќе династии за да спречи разни инвазии, а денес секојдневно освојуван од туристи. 

Човекот во своето минато и сегашност постојано гради ѕидови претежно да се заштити од напади на луѓето и природата. Речиси и не постои поголем град без своите бедеми, куќа без ѕидови, компјутер без firewall, човек без заштитен механизам. Носечки, преградни, оградни и потпорни ѕидови. Кинески, Берлински, Ѕид на плачот, на срамот, ѕидот на facebook, звучен ѕид, планински појас.  Ѕидот оневозможува надворешното да влезе внатре но, го спречува и внатрешното да излезе. Ѕидот станува место на кое светлината си игра и на кое човекот, преку букви и слики, ја исповеда своја вера.

Шуклев и Николов излегоа од локалните ѕидини, надминаа растојанија, нè обединија за кратко и ја запишаа својата авантура во најдолговечниот ѕид во човечката историја. Кинескиот Ѕид беше допрен за кратко со светлината од нашето сонце, различна од онаа на изгревот сеуште кршлива и од онаа на залезот која исчезнува. Светлина која стои високо на средина и ти се чини вечна, која не создава ни привиденија ниту сенки туку ги обликува нештата какви што се. Не може да се заобиколи ваквата светлина и не секој може да опстои во неа. Таквата светлина ја носиме кај и да одиме .

Им благодариме на Шуклев и Николов што нè потсетуваат на тоа.

 

автор В. Ѓоргиев     

©Gevgelija.biz Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини од оваа страница НЕ е дозволено без согласност од тимот на Gevgelija.biz




Read 3405 times

Last modified on Петок, 26/07/2019

More in this category:

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top