Слушни апарати за граѓаните на Гевгелија

Слушни апарати за граѓаните на Гевгелија

Ако одговорите со „да“ на некои од овие прашања подолу, тогаш Вие треба да си го проверите слухот:

  • Можеби Ви е потешко да ги разберете телефонските разговори чисто?
  • Дали домашните се жалат за тоа колку гласно Ви е пуштен телевизорот?
  • Дали Ви е тешко да следите разговор во ресторан или кога има доста звуци околу вас?
  • Дали се осеќате изнемоштено по фамилијарните прослави бидејќи слушањето ви претставува напор?
  • Дали слушате подобро кога го гледате соговорникот во уста отколку кога не го гледате?

Сите овие се типични знаци на опаднат слух. Но, не очајувајте, опаднатиот слух не е нешто што треба да го трпите и сносите со вас. Вие можете – а и требате – да направите нешто во врска со тоа, а ние сме тука да ви погонеме како!  

Кои сме ние и како можеме да ви помогнеме?

Акус Медикус е една од првите приватни поликлиники во Македонија која има огромно искуство од 20 години работа со слушни апарати. Ние сме претставници на германската фирма Сименс, од која ги застапуваме брендовите на Сигнија и Рекстон. Имаме огромна колекција на модели на слушни апарати, која секоја година ја надополнуваме и обновуваме со најновите и најмодерните излезени слушни апарати на светскиот пазар. Д-р Караџинов и д-р Туџарова, која е аудиолог, заедно со нивниот тим се најкомпетентните и обучени просефионалци за работење со слушни апарати.

 

Какви сѐ слушни апарати имаме и кои се нивните предности во однос на другите?

Генерално, има слушен апарат за сечии потреби и желби. Новите слушни апарати се всушност толку софистицирани и опремени со технологија, што лицата кои ги носат дури се во предност над останатите кои не носат. Тоа е поради многу причини, на пример можете додека одите по улица или возите кола, навигацијата од вашиот телефон да ја поврзете со слушниот апарат и директно дирекциите да ги добивате во уво. Други примери се, директено слушање на телефонските разговори во уво, или зборување на телефон без да ви е тој во раце или на уво.

За оние што обожаваат музика, можат директно да ја пренесуваат нивната омилена песна во слушниот апарат. Доколку на останатите членови во фамилијата им е проблем гласниот телевизор, може директно звукот да се пренесе во слушните апарати и да се слуша разбирливо и со висок квалитет. Особена комоција е што Вие можете сами да ги управувате и подесувате слушните апарати преку паметен телефон или мал далечински управувач.

Нешто што е особено инзвонредно е можноста да одберете кој предел од целиот звук кој ви доаѓа од 360 степени сакате да го слушате. На пример, на вечера сте и сакате само соговорникот пред вас да го слушате, можете да ја стеснте зоната на слушање така што само звуците од пред вас ќе бидат пренесени, а останатите стишени.

Клучен фактор при изборот на слушен апарат е и неговиот изглед. Затоа, ние имаме секаков модел од голем моќен задушен до невидлив слушен апарат кој удобно лежи внатре во ушниот канал.

 

 

Што имаме ние спремено специјално за граѓаните на Гевгелија?

Ви нудиме БЕСПЛАТЕН преглед и тест на слух со аудиометар за секој слушен апарат што ќе го земете! Соработуваме со Фондот за здравствено осигурување и имаме слушни апарати кои можете да ги добиете БЕСПЛАТНО.

Во нашата ординација во Скопје вршиме специјалистички прегледи и тестови за слух, а имаме и поддружници низ Македонија во Струмица, Битола, Прилеп, Штип и Охрид. Дојдете во најблиската наша продавница и почнете го Вашиот пат кон подобро слушање. 

Кликнете овде за контакт

 

Запознајте се со нашите најмодерни слушни апарати во Македонија

 

Како олеснителна околност во ова време на вонредни мерки и поразлично живеење, потребните материјали за слушните апарати, како батерии, цуцли, пумпици и опрема за хигиена и чистење можете да ги нарачате преку нашата веб страна и да ви бидат доставени директно на домашна адреса.

 

 

Read 2023 times

Last modified on Среда, 04/10/2023

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top