Место на подиумот за Маџунков и Дебников

Место на подиумот за Маџунков и Дебников

Изминатава недела со почеток во 12 часот на патеката Орман, близу Скопје беше одржана првата трка од македонскиот шампионат во мотокрос, организирана од мото клубот „Вардар“ од Скопје.

Покрај 40 натпреварувачи во 4 различни класи, гевгеличаните Димитар Маџунков и Блашко Дебников се изборија за место на подиумот и тоа, Маџунков за 3-то место во МХ1 класа, а Дебников за 3-то место во МХ класа.

 

 

Со овој ветувачки почеток двајцата ја потврдуваат долгогодишната традиција која нашиот град ја негува кон овој спорт.

 


Инаку, во близина на градот се наоѓа патеката Милци која уште од своето отварање во 1991 година претставува еден од најубавите мотокрос предизвици на меѓународната сцена и која во 1998 година го направи градот домаќин на Европскиот Шампионат со директен телевизиски пренос.


Благодарение на таленти како Маџунков и Дебников се враќа надежта дека градот ќе ги повтори ваквите доживувања кои го прават овој спорт што се раѓа во калта не само атрактивен за директните учесници туку и за нас гледачите.

Галерија

 

 

Read 3938 times

Last modified on Вторник, 29/10/2019

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top