Солидарноста нè прави луѓе

Солидарноста нè прави луѓе

Gevgelija.biz во пресрет на потребите на станарите од опожарената зграда на улица Ристо Чавдаров, ги повикува жителите на општина Гевгелија

и секој што сака да помогне за што побрзо решавање на непријатната случка создадена пред неколку дена.

Прва иницијатива за помош на оштетените беше организирана на синоќешната прослава во чест на враќањето на нашите пионери Шуклев и Николов каде доброволно се собираа парични средства наменети за оваа цел.


Самиот предлог дојде од двајцата авантуристи во Рено 4 кои после 35 дневна изненадувачка турнеја, синоќа изненадија и со својата дарежливост.
Gevgelija.biz беше трогната од ваквото размислување на тандемот кој во ниту еден момент не заборави и не заборава на своите подржувачи, сограѓани и народ и покрај низата тешкотии што ги доживееја на оваа патување.


Затоа ги замолуваме Општината, Црквата, градежните фирми, разните претпријатија и секој поединец што сака и може сериозно да се заинтересира за решавање на непријатната случка без одолговлечување.
Да размислиме дека се работи за луѓе, сограѓани, пријатели, блиски. Дека во моментот тие се всушност бездомници и дека нивното секојдневие е нарушено. Да го „нарушиме“ и ние нашето секојдневие за нивното да се нормализира, зашто во невојлата се познава пријателот.

Освен со парични средства може да се помогне и со храна, вода, материјали пред и после градбата, доброволна работна рака итн.
Се надеваме дека овластените за случајот што побрзо ќе организираат “radna akcija”.

Од денес (05.08.2019) отворена е и трансакциона сметка за парични донации за погодените семејства:

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
Игор Димов
Ул.Ристо Чавдаров бр.25/1-12 Гевгелија

Денарска трансакциска сметка: 270-7000516742-74
Девизна трансакциска сметка: 270-7000516745-65

IBAN Code MK07270700051674565
SWIFT EXPCMK22

Име на Банка ХАЛКБАНК АД Скопје
Ул. Св.Кирил и Методиј бр.54
Македонија

 

 

Read 3733 times

Last modified on Вторник, 24/09/2019

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Go to top