fbpx

Дентал Туризам Γевгелија

Гевгелија е град во југоисточниот дел на Македонија , кој во последните две децении прерасна во атрактивна дестинација за патување и здраствен туризам.

Со високиот квалитет на стоматолошките услуги и поволните цени, Гевгелија стана препознатлив стоматолошки центар во околината и пошироко.

Денес градот брои најмноу стоматолошки ординации по жител на Балканот. Овде насекаде можете да забележите од убаво средени мали приватни ординации до големи стоматолошки поликлиники.

Сите беспрекорно организирани, неизмерно љубезни,едуцирани и стручни, најмодрено опремени користејќи ги најсовремените и најдобрите матријали ги реализираат сите интервенции во областа на општата и специјалистичката стоматологија и фацијалната естетика.

  Услуги:

  • Општа стоматологија,
  • Естетска стоматологија,
  • Детска и превентивна стоматологија,
  • Протетика,
  • Ортодонција,
  • Парадонтологија,
  • Орална,
  • Ласерска, 
  • парадонтална, Хирургија и имплантологија

Со една реченица од наједноставни зафати до вистински „уметнички“ дела.

Местоположбата, инфрастуктурите и медитеранската клима ви овозможуваат пристап до самиот град во секое време. Ова го потврдува и секојдневната посета и навраќање на голем број жители од соседните земји и пошироко. Гевгелија се наоѓа на само 100км од аеродромот Македониjа во Солун, и на 170km од аеродромот во Скопје,  што овозможува брз пристап на сите пациенти од целиот свет.

Освен стоматолошките, градот нуди различни видови на услуги од видот на рехабилицијата, негата и здравјето и многубројни рекреативни занимливости.

На само 3км од градот се наоѓа центар за рехабилитација и физикална терапија, насекаде прочуен со своите лековити, минерални и топли води.

Планината Кожуф со својот најсовремен скијачки центар е погодна за секаков вид на планинска рекреација во текот на целата година, но е отворена и за сите љубители на ловот. Долж нејзините падини се наоѓаат разни планинарски домови и излетнички локалитети, од кои најпознатиот, Смрдлива Вода го добива своето име по самиот извор на сулфурна вода.

Археолошкиот локалит Вардарски Рид сведочи за фактот дека уште од пред нашата ера, Гевгелија бил еден од главните центри на античка Македонија.

За оние пак, кои бараат нешто повеќе, неколкуте казина со сите светски стандарди, разновидните ресторанти, кафе и ноќни барови, дискотеките и другите угостителски објекти ви нудат возбудлив престој и забава. А одморот пак, од долгите ноќи може да го поминете на плажите на Дојранското Езеро, или пак на Егејското море.

Ви преостанува да не посетитe, a ние ќе се погрижиме насмевката да ви биде секојдневие.  


 

Gevgelija.biz

Било кој и да прашате ќе се согласи дека најзадолжителниот дел од секоја облека е чевелот.

Ако барате најдобра спортска облека и обувки по најниска цена, тогаш сте на вистинското место.

Најдобрите светски брендови на спортска облека за мажи, жени и

Екстра Маркет со 3 локации во Гевгелија и 1 во Негорци и 1 локација во Богданци овозможуваат најголем избор на производи со најдобри цени.

Објектот располага со модерно опремени апартмани и студија.

Апартманите и студијата располагаат со комплетно опремени бањи, супер опремени модерни кујни, комотни плакари, ТВ, клима, бесплатен интернет.

OФСЕТ И ДИГИТАЛНО ПЕЧАТЕЊЕ

Несомнено е дека 21-от век нè воведе целосно во ерата на информатиката. Дигиталната револуција со своите најголеми технолошки иновации досега, компјутерот, мобилниот телефон и интернетот, го трансформираа традиционалното производство и бизнис техниките. Подигањето на глобална економија, пристапот до поголеми пазари и создавањето на нови се само некои од главните обележја на овој век.

Во постојано следење и комбинирање на двете најкарактеристични терминологии на денешницата - глобално и локално, како и нивната фузија во неологизмот глокал, Gevgelija.BIZ одлучи да направи редизајн на својата веб страница и истата да добие англиска и грчка верзија.

Уверени сме дека на овој начин поефикасно ќе ја исполниме заедничката цел - промовирање на Вашиот бизнис, а со тоа и на целиот регион.

Како што Ве претставувавме во претходната деценија, така сме спремни и за сите нови предизвици кои доаѓаат.


Gevgelija.BIZ на својот портал Ви нуди сопстевна страница со сите потребни информации за Вашиот бизнис.

  1. Текст за фирмата и услугите што ги нуди;
  2. Галерија со икони;
  3. Директен e-mail контакт и мапа со локација;
  4. Веб страна, доколку фирмата ја има (на овој начин добивате и подобро рангирање на сопствента веб страна на Google);
  5. Новости, промоции и попусти излегуваат на насловната страна и истовремено се постирани на Facebook, Instagram i Twitter.

 

Членство

Новости - Промоции
Една година

9500 денари

Еднаш месечно

Бесплатно

Две години

16500 денари

2 - 4 пати месечно

400 ден.

Три години

12500 денари

4 - 8 пати месечно

800 ден.

 

Цената на банерите е по договор во зависност од позицијата.

 

Доколку сакате да започнете соработка со нас, контактирајте нè. 

 

Александар Толов

Клик Веб Студио ДООЕЛ Гевгелија

+389 71 299 204 ;

marketing@gevgelija.biz

Era cosmetics by Elena Risteska

Era cosmetics by Elena Risteska

Facebook

Go to top